Рибари од Јадранското море извлекле ѕвер тежок 700 килограми: "Никогаш во животот не сум сретнал ваков џин, одвај го вративме во вода"

Точка

10/12/2019

14:01

3.429

Големина на фонт

а а а

Искусните рибари велат дека никогаш не се сретнале со вакво суштество.

Приказната за огромната ајкула која ја уловиле тригорсите рибари има и свое продолжение. Имено, ајкулата волонја (Hexanchus griseus), тешка повеќе од половина тон, е со закон заштитено животно и рибарите се должни да ја вратат назад во морето. Тоа и го направиле, вели рибарот кој во порталот "Morski.hr" се јавил со снимки од случајниот улов и пуштање на животните во својот природен дом. 

Марин Шалов и Марко Шола се тригорски рибари кои некаде меѓу Блитвеница и Рогозница во мрежа ја фатиле неверојатно големата ајкула. Женката волонја била долга речиси како двокатница, а тешка како помал автомобил.

"Гледам дека луѓето не веруваат дека е жива, па ќе ви пратам и доказ. Мене не ме интересира приказната за уловот, туку само луѓето да знаат дека ајкулата е жива вратена во морето", вели Марин Шалов за кого ова било единствено искуство.

"Погледнете ја фотографијата и проценете дали ајкулата случајно ја отворила устата пред одењето во морето", вели Шалов додека ја покажува снимката на која ајкулата мрда лево-десно.

"Никогаш не сум сретнал волку голем ѕвер", вели Шалов и на прашањето дали му било страв, вели: "Се исплашив само за тоа како ќе ја вратиме назад во морето. Многу се мачевме. На крајот успеавме. Стоеше тука 15-тина секунди и потоа отиде во длабочините", вели Шалов.

Ајкулата била измерена и била долга 5,7 метри, а претпоставената тежина на женката е околу 700 килограми.

Единствен начин да ја вратат во морето било да ја кренат на кран и да ја спуштат во морето.

Кога била извлечена, животното заземало поголем дел од палубата на рибарскиот брод.




Спонзорирани линкови

Маркетинг