Мајката на Сталоне некогаш била заносна убавица, а денес жали поради многуте пластични операции

Кармин

06/12/2019

18:10

7.209

Големина на фонт

а а а

Џеки Сталоне, мајката на популарниот Силвестер, во младоста била вистинска убавица и сите се восхиувале на нејзиниот привлечен изглед, но бидејќи во текот на младоста почнала со пластични операции - денес изгледа целосно поразлично.

Таа денес има 98 години, а лицето толку многу ѝ се изобличило поради екстетските зафати што многумина ја споредуваат со дизајнерката Донатела Версаче.

И самата пред неколку години признала дека претерала со операциите и дека жали поради тоа што ги направила во преголем број.

„Ги имаше премногу, а сега изгледам како верверичка која има премногу лешници во устата“ - рекла таа за “Daily Mail“.

Сепак, поранешната танчерка исто така изјавила дека ѝ е драго поради тоа што добро се грижи за своето здравје и дека на 91 година три пати дневно одела на часови по танц, два пати неделно вежбала со личен тренер и секој ден поминувала по два часа свирејќи клавир.

„Не го трошам времето на глупави холивудски партии. Јас станав пример за ѕвезда постара од 50 години затоа што сите стравуваат од стареење, а јас сум сè пополурана како поминуваат годините“ - рекла таа.

Без оглед на својата грижа за здравјето, Џеки преживеала срцев удар, но тврди дека не се плаши од смртта.

„Беа три. Мојот одговор на нив беше: „Ако мораш да умреш, тоа е добар начин да умреш. Си заминуваш со парче достоинство““ - заклучила таа. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk