Александра Велинова: „Со тоа што го родив вториот цар веќе сум потврдена царица“

Кармин

06/12/2019

12:35

6.028

Големина на фонт

а а а

Мајчинството е една комплицирана и чудесна авантура во која мајките уживаат во сите скапоцени моменти поминати со своите деца кои не би ги менувале за ништо друго на светот.

Многу од мајките ќе се согласат дека мајчинството не е само “улога“ на мајката која треба да ја игра во текот на својот живот туку тоа е нејзино самоостварување и секако, да се биде мајка значи да се биде борец и непресушен извор на љубов и топлина.

Популарната македонска ТВ водителка, Александра Велинова по вторпат стана мајка и како што таа самата вели “со раѓањето на вториот цар веќе е царица“.


Среќата и емоциите секогаш се нераскинлив дел од семејството во вакви моменти зошто родителството е една од најмоќните “алатки“ за еден човек.

Во продолжение прочитајте го емотивното обраќање на Александра по породувањето:

„Со тоа што си го родив вториот цар, веќе сум потврдена царица, хахаха. Алексеј ми беше желба да се вика првото дете, ама сега ми се исполни тоа. 

Бебето тешко е 3.5 килограми, 50 центиметри долго. Се породив на ГАК, бидејќи од разговори со мајки, искуството на дел од нив вели дека кога ќе се искомплицираат работите секогаш завршуваат на Клиника. Значи не одев на одмор па да ми е важно дали е хотел со 3 или 5 ѕвезди туку довербата во гинекологот е клучната работа и докторот кој ќе ме породува.


А, благодарение на професионалната соработка со д-р Адела Стефанија низ годините имав неколку причини да изградам доверба. Како на пример, ја премолив да направиме сторија за трудницата од сообраќајката на која никој не сака да се сеќава, не прифати почитувајќи ја приватноста на пациентката, а сè се заврши како што треба.

Другата причина е што "во раце" ѝ биле трудници со кардиолошки проблеми и пак поминувало сè како што треба, без да сака да коментира. Таквите да си ги почитуваме и чуваме. Бескрајно сум им благодарна на тимот на ГАК што учествуваше во породувањето.“


Упатуваме искрени честитки до Александра и нејзиното семејство и посакуваме љубовта и почитта во семејството да ги следат целиот живот, зошто мајките навистина се живи херои кои носат “мал живот“ во себе, а потоа го подаруваат на големиот свет и секако себеси како еден од најскапоцените подароци во животот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk