Ја гледаат како вежба и не можат да поверуваат: “Се породи пред 7 месеци, како е можно да имаш сила за тоа?”

Кармин

29/11/2019

16:14

2.293

Големина на фонт

а а а

Кајла Итсинес има милиони следбеници на Инстаграм со кои редовно ги споделува вежбите кои ги практикува за совршено тело.

Но, последното видео од 28-годишната Кајла ги остави нејзините обожаватели без зборови. Фитнес инструкторката која се породи пред 7 месеци прави неверојатно тешки вежби без ниту една капка пот. 

“Од каде ја собираш силата за ова, не можам ни да замислам колку е тешко”, напишала една обожавателка.

“Кога вежбаш, сè изгледа толку лесно. Ти си навистина суперхерој”, бил уште еден од коментарите, додека други пишувале дека се измориле само гледајќи го нејзиното видео.

Сето ова е толку изненадувачки поради фактот што Кајла се породи пред само 7 месеци и стана мајка на девојчето Арна. По еден месец од раѓањето на ќерката, Кајла ја вратила својата одлична фигура, а обожавателите тогаш ја критикуваа дека не го прикажала реалниот пат на губење на трудничките килограми.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk