Кралскиот пар, принцот Хари и Меган Маркл, 71-от роденден на принцот Чарлс му го честитале со досега невидена фотографија од крштевката на синот Арчи.
Фотографијата од трите генерации, принцот Чарлс, неговиот син - принцот Хари и внукот Арчи, го растопи светот.
„Среќен роденден на неговото височество, принцот Велс“, напишале на нивниот официјален Инстаграм профил со црно-бела фотографија.
Принцот Чарлс нежно му се насмевнува на малиот Арчи, кој во раце го држи принцот Хари. Фотографијата е направена на 6-ти јули, на денот на крштевката на Арчи, кој тогаш имал два месеци.