Малку фалело Варди да заигра во соседството: Го посакувавме во Партизан , но немавме скршена пара…

Дерби

14/11/2019

10:54

1.204

Големина на фонт

а а а

Џејми Варди важи за еден од најдобрите напаѓачи во англиската Премиер лига кој го привлече вниманието со своите феноменални настапи во дресот на Лестер.

Неговата животна приказна, која лесно може да се пренесе и на филмско платно е позната на секој кој го следи фудбалот, а сега од соседна Србија ни доаѓа доста интересна информација.

Џејми Варди бил на радарот на Партизан, додека Аврам Грант бил на клупата на српскиот тим. Оваа информација ја потврди некогашниот претседател на „црно белите“, Драган Ѓуриќ.

– Додека Грант беше тренер ни рече да го донесеме Варди и дека тоа ќе ни се исплати многу во иднина. Тогаш немавме скршена пара, а не милион евра за да го купиме, колку што тогаш бараше Флетвуд. Немавме ниту генерален спонзор. Немаше пари како што сега има во Партизан. Нека не ве залажува тоа што петтолигаш ни бараше милион евра. И тогаш Варди беше пеколен играч иако не беше познат како сега. Грант ги знаеше сите деца во Англија, беше мајстор за откривање таленти, но ете бевме во голема криза и не можевме да го платиме, - изјави Ѓуриќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг