„Не е лесно да се игра за Барселона“

Макфакс

14/11/2019

10:34

528

Големина на фонт

а а а

Голгетерот на Барселона Луис Суарез се наоѓа на подготвики со својот национален тим. Во разговор со уругвајските медиуми тој говорел за својот статус во Барселона и открил какви му се плановите за во иднина.

Суарез наскоро ќе наполни 33 години и се наоѓа на залезот на кариерата. Потенцира дека ќе направи се за да настапи на Свесткото првенство во 2022 година.

„Се надевам дека ќе настапа, убеден сум дека ќе играм во Катар“, рекол Суарез кој има настапи на три Светски првенства и потоа открил дали и во иднина ќе биде играч на Барселона.

„Напорно е, секој три дена минувате тестови, нема одмор и нема простување за лоши натпревари. Не е лесно да се игра за таков клуб, особено не е лесно да се игра пет години по ред. Ќе дојде време кога ќе морам да ја напуштам Барселона, но се додека можам да играм и додека имам конкуренција ќе бидам добар“, заклучил Суарез.



Спонзорирани линкови

Маркетинг