Се огласи Валверде по изјавата на Ракитиќ дека не е среќен во Барселона

Дерби

14/11/2019

09:50

1.518

Големина на фонт

а а а

Иван Ракитиќ завчера изјави дека во моментов не се чувствува среќен во Барселона затоа што клубот му го зел тоа што најмногу го сака, топката.

Се повеќе станува јасно дека Хрватот веќе војануари ќе ја замени средината и ќе се пресели во некој од тимовите заинтересирани за него.

Изјавата на Ракитиќ ја искоментира и тренерот на Барселона, Ернесто Валверде кој очигледно не смета многу на хрватскиот фудбалер.

– Ракитиќ рекол дека е како девојче на кое и ја зеле играчката? Немам коментар на тие зборови на Иван, - кратко изјави Валверде.



Спонзорирани линкови

Маркетинг