Бидете внимателни, се подготвува спектакуларен терористички напад на Западот: Курдскиот генерал со морничава порака

Точка

14/11/2019

09:44

2.139

Големина на фонт

а а а

Курдскиот генерал Мазлум Кобани, командант на Сириските демократски сили изјави дека турската агресија на северот на Сирија ќе создаде идеални услови за ревитализација на Исламската држава.

Командантот на Сириските демократски сили кои се бореа со Исламската држава, тврди дека турската агресија во комбинација со немањето на желба од страна на западните земји да ги вратат заробените борци во своите држави би можеле да резултираат со јакнење на терористичката организација.

Кобани исто така порача дека „спектакуларен“ терористички напад во некој град на Западот би можел да биде „веднаш зад аголот“ и нагласи дека „промената на односите на силите во Сирија значи дека иднината е несигурна“.


Курдскиот генерал кој своевремено имаше телефонски разговори со американскиот претседател Доналд Трамп и европските лидери, тврди дека пуштањето на заробените џихадисти ќе има големи последици и тоа не само по Сирија и Ирак.

Според Кобани, турската воена агресија на северот на Сирија која има за цел да ги истера Курдите од регионот, им дала надеж на милитантите на Исламската држава и им отворила простор за делување.


„Мислам дека има многу луѓе кои не го знаат тоа, меѓутоа тоа е вистината. Турската агресија им отвори простор на борците на Исламската држава и им даде надеж“, изјави курдскиот генерал за „Скај“.

Кобани меѓу другото го обвини и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за користење на странските борци на Исламската држава како алатка за преговори, а изјави и дека Турција активно помага џихадистите да се опорават после неодамнешните порази.



Спонзорирани линкови

Маркетинг