Манекенката поради болки во стомакот отишла во тоалет па го доживеала најголемиот шок во животот: Се породила, а не знаела дека е бремена

Точка

13/11/2019

22:00

5.122

Големина на фонт

а а а

Австралиската манекенка Ерин Лангмејд (23) тврди дека немала поим дека е бремена затоа што користела контрацепција, немала ниту стомак, утрински мачнини и други симптоми кои се поврзани со бременост.

Како што вели Ерин, за време на бременоста за која не знаела, цело време работела и земала контрацепциски инјекции.

Немала никакви симптоми, а единствено само на денот кога се породила се чувствувала лошо. Не забележувала ниту дека облеката која ја носи ѝ е тесна.

„Ништо не укажуваше на тоа дека нашата ќерка е тука. Беше тоа најголемиот шок во нашите животи“ - изјавиле Ерин и нејзиниот партнер Ден Карти за весниците.


Ерин отишла во тоалет, а десет минути подоцна ја држела својата ќерка во рацете која се родила здрава и била тешка 3.6 килограми. Ден слушнал дека нешто се случува во тоалетот, влегол и се запрепастил.

„Слушнав само врескање, појдов со трчање таму, ја отворив вратата затоа што бев загрижен за Ерин, а потоа го видов бебето и си помислив: “чекај малку, две се?“, бев преплашен“ - изјавил Ден.

Откако се родила, Исла престанала да дише и помодрела па Ден во паника повикал брза помош за на бебето да му го спаси животот. Девојчето се родило во 37-та недела од бременоста, но ни тој ни Ерин не знаеле за бременоста.

Според статистиката, една од 500 жени не знае дека е бремена до 20-та недела, а една од 2.500 жени ја открива бременста во моментот кога треба да се породи.

„Тоа е нашиот живот и не би го менувале“ - вели младата мајка. Родителите и роднините им помогнале многу, а сега тие се соочени со новиот предизвик - родителството.




Спонзорирани линкови

Маркетинг