Мени кое го намалува нивото на холестерол: Иако оваа состојба нема никакви симптоми, доколку не се лекува може да биде фатална

Точка

26/04/2024

14:45

4.265

Големина на фонт

а а а

Правилната исхрана и физичката активност можат да ви помогнат во здравствените тегоби доколку сакате да го држите холестеролот под контрола.

Со зголемениот холестерол се борат сѐ повеќе луѓе, но добра вест е таа што зголеменото ниво на холестерол може да се контролира со правилна исхрана.

Во прехраната потребно е да вклучите многу растителни влакна, овошје, зеленчук, житарки и мешунки, како и да го ограничите внесот на заситени масти кои го зголемуваат холестеролот.


Недостатокот на физичка активност, прекумерна тежина, лоша исхрана и пушење исто така имаат значајна улога во зголемувањето на холестеролот.

За да го намалите ризикот, постојат неколку промени во начинот на живот кои може да ги направите, како зголемени вежби и физичка активност и фокусирање на исхраната која е богата со растителни влакна и здрави незаситени масти. Освен тоа, доколку имате прекумерна тежина слабеењето може да го подобри нивото на холестерол.

Здравите опции на кои треба да се фокусирате е да вклучите намирници кои се богати со незаситени масти, како јаткасти плодови и семки, како и маслиново масло, авокадо и храна богата со омега три масни киселини, како што е кокосот.

Овие здрави масти ќе ви помогната да го заштитите срцето на многу начини, вклучуваат и намалување на високиот крвен притисок и нивото на триглицериди во крвта.


Пример за дневно мени приспособено за лица со зголемен холестерол:

1. Појадок: Овесна каша со чиа семе и бобинки

2. Ужина: Круша или една порција јаткасти плодови

3. Ручек: Вариво од грашок и леќа и зелена салата

4. Ужина: Интегрален тост со здрав путер од кикиритки и јаболко

5. Вечера: Лосос печен на маслиново масло со варена брокула




Спонзорирани линкови

Маркетинг