Синедејс со уште една распродадена проекција: По Алмодовар, и Вуди Ален омилен помеѓу македонската публика

Точка

13/11/2019

18:22

617

Големина на фонт

а а а

Денеска на фестивалската програма на Синедејс премиерно ќе биде прикажан најновиот филм на Вуди Ален со наслов “Дождлив ден во Њујорк”.

Проекцијата која е закажана за 20 часот во киното Милениум е целосно распродадена, а ова е уште еден филм за кој има огромен интерес од публиката, по проекцијата на “Болка и слава” на Педро Алмодовар

Новата романтична комедија на Ален ја раскажува приказната за двајца студенти, Гетсби и Ешли, чијшто викенд во Њујорк воопшто нема да се одвива според планот. Дождот ќе подготви низа неочекувани средби и забавни авантури за обајцата.

За сите кои сакаат да го погледнат “Дождлив ден во Њујорк” имаат уште една шанса – репризата е закажана за утре (14-ти ноември) со почеток од 17:30 часот во кино Милениум.

Во 22 часот е закажана проекција на филмот “Пијавици” во режија на Драган Маринковиќ, а во кино Фросина во Младинскиот културен центар (МКЦ) во 21 часот ќе се прикажува “Смислата на животот” на која ќе присуствува и продуцентот Стив Абот, кому фестивалот ќе му ја додели наградата за наградата за долгогодишното посветено работење на “Монти Пајтон”. Наградата ќе ја врачи амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Рејчел Галовеј.

Проекцијата е бесплатна и отворена за сите љубители на филмот.


Во 22 часот е закажана проекција на музичкиот документарец “Електричен оргазам за идните генерации”, а во 21:20 часот во МКЦ ќе се одржи промоција на книгата на Борислав Пешиќ Благоја, “Лонг плеј – забелешки за времето”.

Линк до целосната програма - тука.



Спонзорирани линкови

Маркетинг