„Ел Класико“ ќе се игра во вечерниот термин

Точка

13/11/2019

17:04

1.016

Големина на фонт

а а а

Предстојниот „Ел Класико“ дуел помеѓу Барселона и Реал Мадрид, прв оваа сезона, ќе се игра на 18-ти декември во 20 часот.

Да потсетиме, натпреварот помеѓу најголемите шпански ривали требаше да се игра минатиот месец, но беше одложен поради политичките немири во Каталонија.

Двата клуба одбија да го заменат домаќинството, односно дуелот да се игра во Мадрид, наместо во Барселона како што беше предвидено во распоредот.

Денес беше потврдено дека дуелот ќе се игра во вечерниот термин, поточно во 20 часот, наместо во 13 часот како што се шпекулираше. Исто така, дербито требаше да биде закажано на 7-ми декември, но сепак беше избрана среда, 18-ти декември.



Спонзорирани линкови

Маркетинг