Рафиња ангажирал познат агент за преговорите со Барселона

Дерби

24/09/2026

11:37

143

Големина на фонт

а а а

Спектакуларниот почеток на актуелната сезона само ја забрза процедурата за почеток на преговорите меѓу Рафиња и неговиот актуелен клуб Барселона, а главната цел е да се продолжи договорот на Бразилецот, кој сигурно ќе добие и подобри финансиски услови.

Рафиња не дозволи да се почувствува недостигот на класична „деветка“ на „Камп Ноу“ од почетокот на сезоната, а спортскиот директор Деко потврди дека шпанскиот шампион планира наскоро да потврди продолжена соработка со големата ѕвезда.

Поради ова, Рафиња решил конечно да ангажира агент, нешто што му недостасуваше уште откако негов претставник беше токму Деко, кој во меѓувреме стана спортски директор на Барселона.

Во сериозна конкуренција и многу понуди кои ги имал, Рафиња се одлучил за Али Барат, еден од најперспективните фудбалски агенти и човек кој веќе има престижни клиенти, но и учество како посредник во многу досегашни скапи трансфери.

Најавите се дека Бразилецот ќе потпише договор со Барса до 2030 година.