Екс соиграч на Елмас од Наполи ја заврши кариерата, Македонецот меѓу првите реагираше на важната одлука

Дерби

24/09/2026

11:34

161

Големина на фонт

а а а

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше дел од генерацијата на Наполи која ја освои италијанската титула во сезоната 2022/23, а вчера меѓу првите реагираше на информацијата за крај на кариерата на еден од неговите соиграчи од тој период.

Се работи за германскиот интернационалец Диего Деме, кој реши да се повлече од професионалниот фудбал на 34-годишна возраст, а тоа го објави самиот преку социјалните мрежи.

Деме дојде во Наполи од редовите на РБ Лајпциг и беше член на италијанскиот тим од 2020 до 2024 година, а покрај скудетото го подигна и трофејот во Копа Италија во 2020 година, со оглед на тоа што на екипата и се приклучи во јануари.

– Се најдобро брате, – коментираше Елмас на објавата на Деме, кој последните две сезони во кариерата ги помина во редовите на Херта.