Сопругата на најсексапилниот маж се шегува на негова сметка: Само што ми направи сендвич

Точка

13/11/2019

16:51

2.007

Големина на фонт

а а а

Американскиот пејач Џон Леџенд е прогласен за најсексапилен маж во 2019-та година, според изборот на People.

На некои оваа информација им се допаднала, па коментирале дека тоа и го заслужил, но има и такви кои не го сметаат за претерано секси. 

Џон бил изненаден од оваа титула, па се пошегувал на своја сметка и изјавил дека малку исплашен и дека тоа е голем притисок.

"Сега секој ќе ме загледува за да види дали сум доволно секси да ја носам оваа титула", рекол Леџенд за "People".

Но, во шегите на сметка на неговата титула покреативна била негвоата сопруга, манекенката Криси Тајген, која инаку е позната по својата одлична смисла за хумор.

"Имам важна вест и ме убива што не можам да ви ја соопштам, а не сум бремена", напишала на Твитер еден час пред списанието "People" да објави дека Џон е најсекси маж во 2019-та година. А потоа и таа се пофалила.

"Мојата тајна е јавна. Го остварив својот сон и спиев со најсексапилниот маж на светот!!! Каква чест!!!", се пошегувала Тајген, но тука не завршиле шегите.

"Децата не ги интересира", напишала Криси во описот на видеото во кое на својата ќерка Луна и соопштува дека нејзиниот татко е најсексапилен маж на светот.

"Најсексапилниот маж на светов само што ми направи сендвич со шунка", завршила Криси со своите шеги на сметка на својот сопруг.



Спонзорирани линкови

Маркетинг