Виера: Зошто Роналдо е несреќен? Во Јувентус секогаш…

Дерби

12/11/2019

14:29

4.146

Големина на фонт

а а а

Јувентус славеше над Милан во пресметката на старите и големи ривали во италијанскиот фудбал, но победата падна во втор план поради Кристијано Роналдо и неговото однесување откако беше заменет на почетокот на второто полувреме.

Тој воопшто не беше задоволен поради одлука на тренерот Маурицио Сари, па воопшто не се поздрави со никого и директно замина во соблекувалната, а некој од медиумите информираа и дека си заминал пред да заврши дуелот во Торино. Тренерот Сари застана во негова одбрана, меѓутоа и понатаму има коментари, реакции за таа ситуација за која свој коментар даде и некогашниот член на „бјанконерите“, Патрик Виера.

- Ова покажува колку е тешко да бидете тренер. Роналдо е друга класа заедно со Меси и Нејмар, тие се слика на денешниот фудбал. Важно е да се разбере зошто Ронадо е несреќен. Однадвор изгледа како да минива низ тежок период. Кога играч како него ќе престане да дава голови има фрустрација. Не сум изненаден што Јувентус е на прво место, бидејќи овде играчот е на служба на клубот и кога работите се јасни, играчот може да даде се од себе на теренот. Во Јувентус, клубот е вистинската ѕвезда, - порача франциската легенда.



Спонзорирани линкови

Маркетинг