Сашо Тасевски: Подобро полудете за да се прилагодите на животот во 21-от век

Точка

11/11/2019

10:52

5.093

Големина на фонт

а а а

„Подобро полудете за да се прилагодите на животот во 21 век“ – гласи слоганот пред почетокот на романот „Жена вредна злато“, најновото дело на Сашо Тасевски, кој уште пред промоција предизвика големо внимание кај читателската публика.

Можеби, поради тоа што Сашо е „без влакна на јазик“, па многумина она што го „подголтнуваат“ тој го кажува. А и неспорно право на секој уметник е преку своите дела да ги изрази своите ставови. А ако се прашувате: „ Па што има јас да читам туѓи ставови, многу ми е гајле“, еве зошто вреди да одвоите време за овој роман:

„Жена вредна злато“, злато вреди ако се прочита, зашто преку Кира, со која сите ќе се идентификуваат, ќе доживеат и катарза и епифанија, проблесок, за подлабок увид во нашите заебани мозоци и нештата кои не дефинираат како примитивци и неспособни- вели Тасевски.

Накратко и ќе се забавувате и нема да бидете истите после прочитувањето.

Зошто Кира, јас прво што помислив дека на ќерка ти и е посветена и дека преку неа сакаш да пренесеш порака?

- Кира се вика зошто мајка и предвеме ја родила кога бил атентатот на Киро. Минувала во близина. Тогаш ја родила месец пред терминот...Тоа да праќаш конкретни пораки преку книгата што си ја напишал отсекогаш ми се чинело претенциозни, самобендисано и непотребно. Фала богу не сум ни Коељо, ни Робин Шарма,... Ни оној нашион што паламуди за врвови и стравови... Тоа е лигавење, искомерцијализиран популизам, гледајте ме колку сум паметен.... Во оваа книга ако постои некоја порака таа ја има, па ја нема.... Флуктуира, се менува. Сега е ова, а во следната секвенца СПРОТИВНОТО... Добро е кога книгата е отворено дело. Кој како сака да го толкува и да извлекува поуки од него.

Жена вредна злато - која е таквата според критериумите по кои го испрофилира ликот?

- Кира е македонскиот ЏОКЕР, со таа предност што не е клинички луда.... Или можеби е...Но што ако не е.... Бидејќи нејзините амбасадоруваат во Виена додека таа расте и не ја гледаат, па ја воспитува баба и....Жена која стигнала до бункерот на Хитлер во Берлин 1945 го извлекла за уши надвор и добила орден Херој на Советскиот Сојуз, за некои дополнителни вештини што ги покажала пред бункерот.. Подоцна до пензија баба и работи како психијатар во Бардовци, ја обожува својата внука на еден чуден начин и одлучува да ја подготви максимално за преживување во 21 век. Да ја направи жена вредна злато.... Своеглава, решителна, понекогаш и брутална, но горе долу праведна.

Во денешно време "златните"најлошо поминуваат. Твојов лик со какви искуства се соочува?

- Кога мислам на златна жена не е тоа некоја богобојажлива, лицемерно морална, плашлива, која копнее од петици за машка рака и заштита, иако нема ништо лично против тоа.... Туку повеќе ја гледам како некој натпросечно свесен самоодржлив систем кој е моќен сам да ги придвижува настаните околу него. Самата таа ја диктираа динамиката на средината околу неа. Размислува пет потези однапред. И секако, од баба и има научено како да се биде трпелив и да се чека вистинскиот миг да се тргне во акција.

Ги има ли многу такви во нашето општество?

- Профил на „златни жени“ како Кира, главниот лик во романот, има и кај нас инаку не би го напишал. Но, ретко која ќе влезе во оние длабоки води во кои влегува Кира за да се соочи со своите и со демоните на малограѓанштината во која живее и нејзиниот груб самодеструктивен менталитет.

Зошто вреди да се прочита?

- „Жена вредна злато“, злато вреди ако се прочита, зашто преку Кира, со која сите ќе се идентификуваат, ќе доживеат и катарза и епифанија, проблесок, за подлабок увид во нашите заебани мозоци и нештата кои не дефинираат како примитивци и неспособни.

Но, исто така ќе стекнат и увид за можните правци во кои треба да се делува поединечно и колективно за да ја избегнеме личната и колективната катастрофа во она што не чека во 21 век .

Впрочем слоганот пред почетокот на романот така и гласа: Подобро полудете за да се прилагодите на животот во 21 век .


(А.В.)



Спонзорирани линкови

Маркетинг