Сашко Гијевски (42) од Свети Николе е Македонец кој повеќе од 13 години живее и работи во Германија. Последните 7 години успешно работи како консултант за намалување на трошоци за струја и гас, како дел од тимот на Teleson – водечка енергетска консултантска компанија во земјата. Преку неговата работа, Сашко им помага на луѓето, особено на оние од Балканот, да изберат поевтини и поповолни снабдувачи на струја и гас. Со него поразговаравме за неговиот пат, предизвиците и успесите во Германија.
Сашко, кога и зошто се пресели во Германија?
Сашко Гијевски: Се преселив пред 13 години, заедно со моето семејство. Сакав подобар живот, стабилност и можност за напредок – лично и професионално. Кобленц беше нашиот изборот, а Германија ми даде шанса каква што не гледав дома.
Како дојде до идеата да станеш консултант за енергија?
Сашко Гијевски: Уште кога се доселив во Германија, забележав дека пазарот за енергетика е либерален – има многу различни доставувачи и секој има можност да си одбере доставувач за струја и гас. За разлика од ситуацијата кај нас, тука конкуренцијата значи и многу различни цени. Многу луѓе, особено од Балканот, не беа свесни за тоа и плаќаа повеќе отколку што треба. Тогаш сфатив дека можам да им помогнам – и така почна сè. Полека се обучив, станав лиценциран консултант и веќе 7 години работам во оваа област. Мојата цел отсекогаш била да им заштедам пари на луѓето и да ги советувам како функционира системот.
Почетокот сигурно не бил лесен?
Сашко Гијевски: Не беше. Мораш да научиш многу, да ги разбереш системите, договорите, законите, да стекнеш доверба од клиентите... Но кога ќе го надминеш тој дел, сфаќаш дека вреди. Почнав со нула клиенти, денес имам неколку илјади задоволни. Секоја препорака од клиент е доказ дека си на прав пат.
На кој начин им помагаш на нашите луѓе во Германија?
Сашко Гијевски: За новодојдените во Германија, особено оние кои штотуку се вселуваат во нов стан/куќа, им помагам да ги пријавиме броилата за струја/гас кај компанија со подобри услови или за тие што веќе имаат постоечки договори преку целосна анализа, доколку најдеме доставувач со пониска цена или подобри услови им помагам целосно да го променат снабдувачот. Целата услуга е бесплатна за нив и без скриени трошоци. Во многу случаи, клиентите успеваат да заштедат и по неколку стотици евра годишно. Особено во денешно време, кога трошоците за живот постојано растат, ваквата заштеда значи многу.
На што треба да се внимава при склучување на договор за струја или гас?
Во Германија сè почесто се појавуваат случаи каде одредени компании или нивни агенти работат на сомнителен или дури и нелегален начин при склучување договори за струја или гас.
Станува збор за Агенти кои се претставуваат лажно, како вработени кај локалниот снабдувач ,се со цел да ги измамат клиентите да потпишат нов договор со нејасни или скриени трошоци ,автоматски продолжувања или казни при раскинување на договорот.
Користејќи го недоволното познавање на Германскиот јазик кај некој од нашите сограѓани, со едно „Да“ на претходно поставено прашање, дали се согласувате на бидете наш клиент, прават договори со прескапи услови а целиот тој разговор се снима и доколку посакате на било кој начин да го прекинете тој договор е многу тешко, бидејќи со одговорот „Да“ е дадена согласност.
Не дозволувајте некој да ве измами, секогаш проверувајте кого пуштате дома, со кого разговарате и што потпишувате. Ако нешто ви изгледа сомнително – побарајте совет!
Што мислите дека ве издвојува од другите енергетски консултанти?
Сашко Гијевски: Искреноста и пристапот. Со секој клиент разговарам лично, на јазик што го разбира, и со целосна посветеност. Не ми е важно само да направам промена на договор, туку вистински да му помогнам на човекот да разбере што потпишува и зошто. Посебно за нашите луѓе, кои често не се снаоѓаат со германскиот јазик или не ги разбираат деталите во сметките. Не работам по шаблон, сакам клиентот навистина да разбере што правиме. Второ, целата моја услуга е 100% бесплатна за клиентот , се е транспарентно - без скриени трошоци или ситни букви. Луѓето го препознаваат тоа, и затоа доаѓаат повторно и ме препорачуваат.
Кој е најубавиот дел од работата?
Сашко Гијевски: Насмевката на клиентот. Кога ќе ти се јават и ќе речат: „Фала ти, сега плаќам половина од порано“, тоа е најголемата награда. И не се работи само за пари – се работи за доверба.
Што би им препорачал на оние што размислуваат за ваква професија?
Сашко Гијевски: Да се охрабрат. Не е потребно претходно искуство, само желба да учиш и да работиш со луѓе. Јас денес не само што работам самостојно, туку и обучувам нови консултанти – посебно наши луѓе. Затоа што ако можам јас – може секој кој има познавања на германскиот јазик и е мотивиран да научи нешто ново
Што би им препорачал на македонците во Германија?
Сашко Гијевски: Прво и најважно – да не чекаат. Многу луѓе мислат дека немаат избор или дека промената е комплицирана, но вистината е дека постојат многу поевтини понуди, само треба некој да ви ги покаже. Затоа и сум тука – да го направам тоа лесно и разбирливо. Мој совет е секогаш да се информираат, да ги проверат сметките и да побараат совет. Нема што да изгубат, а може многу да заштедат. Особено во ова време, секое евро е важно.