Сопственици на прекрасни куќи ширум светот нудат бесплатно сместување за Божиќ, но за возврат подгответе се за ова...

Точка

09/11/2019

13:40

7.742

Големина на фонт

а а а

Британскиот сајт “TrustedHousesitters“ објавил фотографии од луксузни недвижнини ширум светот чии сопственици на заинтересираните луѓе им нудат бесплатно сместување во текот на божиќните празници.

Условот кој треба да го исполнат е луѓето кои се заинтересирани за тоа просторот да го делат со нивните домашни миленичиња и за тоа време да се грижат за нив.

За љубителите на животни тоа нема да биде никаков проблем, а сопствениците на некои од куќите, покрај сместување нудат и бесплатно користење на автомобил или гледање филмови на “Netflix“ без паричен надомест.

Погледнете какви се куќите кои се понуидени, каде се наоѓаат и кои се симпатичните домашни миченичиња на кои потребно им е само мало внимание.

Сиднеј

Во Јарамалонг, Сиднеј се наоѓа куќа која е сместена на прекрасен имот со површина од десет хектари, обрасната со вегетација. Има кујна, дневна соба и повеќе спални соби така што ќе може да си ги испланирате божиќните празници со целото семејство. Според зборовите на сопствениците, куќата дава задоволство на изолираност од секојдневниот метеж додека истовремено е оддалечена на 15 минути од центарот на местото и 20 минути со автомобил од трговскиот центар Тугери.


„Кога ќе го истражите селото може да уживате покрај крајбрежјето на морето кое е оддалечено на само половина час од куќата“ - велат сопствениците.


По прошетката, привремените станари можат да се занимаваат со една прекрасна бенгалска мачка.

„Тоа се домашни мачки и сакаат човечко друштво и веројатно ќе се сместат покрај вашите нозе кога одите на спиење“ - велат сопствениците.

Ковингтон, Грузија

Во Ковингтон се снимени многубројни филмови, како што се “Мојот роднина Вини“ и “Вампирски дневници“. Светлата куќа има кујна од соништата, а сопствениците во неа живеат со четири прекрасни кучиња.


Освен што се грижат за нив исто така тие ги хранат и птиците кои живеат во нивната околина.


„Цел живот работев, а сега сум во пензија така што можам да патувам. Моите четири станари се прекрасни кучиња на кои потребен им е некој кој одговорно и со многу љубов ќе се грижи за нив додека не сум тука“ - вели сопственичката.

Франција

Сопствениците на оваа прекрасна куќа во Дивон ле Бен бараат одговорна личност која во текот на Божиќ ќе го чува нивното куче Капи кое обожува прошетки по снег.


Осло, Норвешка

Во овој светол дом во Осло, на привремените станари друштво ќе им прави бостонски териер Куки. Куќата е оддалечена на само половина час од центарот, а интересно е тоа што најблискиот ски центар се наоѓа на само 20 минути оддалеченост.


Лос Анџелес

И оние кои за време на Божиќ сакаат да уживаат на плажа и на температура од 40 степени целзиусови, можат да најдат куќа која ќе им одговара. Сопствениците на вила со базен во Лос Анџелес нудат бесплатно престојување.


Куќата е идеална за едно семејство со деца. Кој сака да ужива во оваа убавина треба да се грижи и за симпатичниот Апер кој обожува прошетки покрај плажа.


Лондон

Во западен Лондон се наоѓа оваа прекрасна куќа со две поткровни тераси и градина. Во куќата има место за четиричлено семејство, а ирските териери Зорба и Зиги ќе бидат среќни доколку за време на празниците би имале друштво.




Спонзорирани линкови

Маркетинг