„Тројца сме во овој брак“: Најхрабриот потег на принцезата Дајана бил разговорот со љубовницата на нејзиниот сопруг - Камила

Кармин

07/11/2019

16:33

4.438

Големина на фонт

а а а

Љубовниот триаголник на 20-от век и понатаму е непресушна тема во светските медиуми. Венчавката на принцот Чарлс и Дајана Спенсер ја следеле повеќе од 700 милиони луѓе ширум светот. Принцезата Дајана го кажала своето судбоносно “да“ на 32-годишниот принц мислејќи дека го започнува својот совршен живот.

Иако, на прв поглед идеален, нивниот брак бил осуден на пропаст од самиот почеток. Еден од главните актери и главна причина за тоа била тогашната Камила Паркер, големата љубов на принцот Чарлс од 70-те години.

Нивниот брак бил хармоничен, но по раѓањето на принцовите Хари и Вилијам, принцот Чарлс ја признал неговата врска со Камила. Дајана тогаш имала афера со нејзиниот инструктор по возење.


Во изјава аз Би-би-си во 1995-та година, на прашањето од новинарот “дали Камила допринела за крај на нивниот брак“, принцезата одговорила:

„Па, тројца сме во овој брак, просторот е тесен“.

Во биографијата „Дајана - нејзината вистинска приказна“ која ја напишал Ендру Мортон, а ја објавил во 1992-та година, принцезата зборува за еден од најхрабрите моменти во својот живот, а тоа е нејзиниот прв разговор со Камила.


Тоа било најголемата причина за распаѓањето на велшкиот кралски пар.

„Знам што се случува помеѓу тебе и Чарлс и само сакам да го знаете тоа“ - рекла Дајана.

Одговорот на Камила принцезата подоцна го окарактеризирала како интересен.

„Имаш сè што отсекогаш сакав. Ги имаш сите мажи на овој свет кои се заљубени во тебе, имаш две прекрасни деца, што повеќе сакаш?“ - ја прашала Камила.


Лејди Ди имала подготвено одговор.

„Својот сопруг. Ова сигурно е пекол за вас двајца и не сакам да ви стојам на патот како ни да ме третирате како идиот“.

Кралскиот пар се развел во 1996-та година. Во 2005-та година принцот Чарлс се оженил со Камила.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk