Ена Поповска открива што значи да живееш и студираш во Малезија

Точка

25/10/2019

10:47

7.192

Големина на фонт

а а а

Ена Поповска е стипендиран студент која завршила факултет во Солун, а на магистерски е во Куала Лумпур во Малезија на Аsia Pacific University. Тоа е всушност најреномираниот Универзитет во Азија, а таа е конкретно на Технолошки менаџмент.

Една од оние околу 200 стипендирани, а 3000 што годишно имаат интерес за студирање во странство од Македонија. Студирањето на нејзиниот Универзитет чини околу 8 000 долари, а месечните трошоци се околу 500 долари. Ена е студентски Амбасадор за регионот на Балканот. Во сабота со почеток во 10 часот во Холидеј Ин ќе присуствуваат повеќе од 20 претставници од Универзитети ширум светот каде ќе можат сите заинтересирани идни студенти да се информираат за условите и критериумит е за добивање стипендија и студирање на факултетите. За македонските студенти најатрактивни се европските во Италија, Франција, а во последно време не изостануваат и азиските.

Која е разликата помеѓу малезискиот и македонскиот образовен систем?

- АПУ (Аsia Pacific University) следи Британски едукативен систем, се базира на повеќе практика отколку теорија. Делумно практичниот дел е базиран на изработување проекти, семинарски, групни проекти и научни трудови, каде што теоријата преминува во пракса. Овој систем на образование е многу по ефективен, каде што знаењето што е стекнато во текот на студиите останува трајно. Исто така, 90% од професорите се избрани од вистинска индустрија, со тоа што покрај практичниот и теоретскиот дел тие пренесуваат знаење базирано од нивниот професионален живот.

Има ли дружење, кои колеги ти се најдобри пријатели?

- Да се живее во мултинационална средина, придонесува драстично зголемување на кругот со пријатели. Моментално друштвото ми е од Казахстан, Лаос, Холандија, Малдивите, Бразил и Бутан.

Колку чини студирањето, а колку животните трошоци?

- Куала Лумпур е прогласен за најповолен град за студенти. Месечните трошоци за целосна живеачка се од прилика 500долари. Би кажала дека цените се отприлика како кај нас. Во врска со студирањето, имам делумна стипендија која покрива дел од трошоците за студирање. Цената за целосни мастер студии на АПУ е околу 8.000 долари.

Омилен малезиски специјалитет и пијалок?

- Уфф, не би можела да се одлучам. Пребогата и разноврсна кујна, богато зачинета и лута. Покрај традиционалната малезиска кујна, доста застапени се и кинеската, индијската и јапонската храна.

Необични навики?

- Најнеобично се уште ми е добрината, љубезноста, добродушноста и позитивата на народот. Но, исто така би кажала дека има многу необични секојдневни навики што се разликуваат од кај нас.

Што ти смета?

- Мала промена на тропската клима, на која се навикнав набрзо.

Омилено место таму?

- Омилено место е мојата тераса. Има поглед на целата метропола и високите облакодери, ми дава прекрасно чувство секој дневно. Исто така, најомилена ми е егзотичната природа која се распространува насекаде, едно пофасцинанто место ми беше егзотичниот остров Перхентијан.

Би се вратила ли во Македонија?

- Мојот план е да не се вратам. Би сакала да останам во интернационална средина, некаде во светот.

Каков е стандардот колку се платени технолошките менаџери она што е твоја област?

- Стандардот е многу повисок од нашата земја. Просечна плата за технолошки менаџер е од 3000 до 4000 долари во завсиност од компаниите.

Научи ли да зборуваш малезиски или некој збор?

- Научив основни зборови за комуникација, иако главно е зборен англискиот јазик. Се смета како официјален јазик покрај малезискиот, на секаде се е означено на малезиско-англиски.

(А.В.)



Спонзорирани линкови

Маркетинг