Манчестер Јунајтед на три играчи во летниот преоден рок ќе потроши 350 милиони евра

Дерби

20/10/2019

13:55

1.350

Големина на фонт

а а а

По воведните кола во англиската Премиер лига стана јасно дека актуелниот состав на Манчестер Јунајтед не е подготвен за високи дострели.

Многумина се прашуваат и за способностите на тренерот на „ѓаволите“, Оле Гунар Солскјер, но засега тој е сигурен и има одврзани раце да ги крои трансфер плановите за јануари и следниот летен преоден рок.

Ако се знае дека во јануари топ мети се Марио Манџукиќ и Емре Џан од Јувентус, а се споменува и ангажман на Кавани од ПСЖ, во јавноста сега излегоа и имињата по кои Јунајтед ќе тргне во летниот преоден рок. 

Прв кој Солскјер ќе се обиде да го донесе на „Олд Трафорд“ е Џејмс Медисон од Лестер кој би чинел 70 милиони евра. Во нападот ќе треба да се донесе Муса Дембеле од Лион кој би чинел околу 50 милиони евра, а најголеми пари треба да се дадат на Саул Нигез од Атлетико Мадрид кој има откупна клаузула од 150 милиони евра. 

Речиси е сигурно дека ќе има и заминувања од клубот, па не се исклучува можноста да бидат ангажирани и нови играчи кои ќе бидат користени во ротацијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг