Се омажи Џенифер Лоренс - се венчале во строга тајност, а судбоносното “да“ го изговорила во прекрасна романтична венчаница

Точка

20/10/2019

12:58

5.901

Големина на фонт

а а а

Сега е и официјално. Актерката Џенифер Лоренс (29) се омажи за сопственикот на њујоршката галерија Кук Марони на островот Род, пишуваат американските медиуми.

Венчавката била одржана во луксуна вила на овој раскошен и мирен остров, а церемонијата била одржана во строга тајност иако од септември постоеле гласини дека овој пар ќе застане пред олтар.


Меѓу 150-те поканети гости биле и славните холивудски ѕвезди: Ема Стоун, Крис Џенер, Камерон Дијаз, Адел и други.

Како што пишуваат американските медиуми, убавата Џенифер судбоносното “да“ го кажала во едноставна, романтична венчаница од модната куќа „Dior“ каде што е и заштитно лице, а на Инстаграм по венчавката се појавила и фотографија од госпоѓа Марони на која се гледа колку многу е среќна.

Парот се вери во февруари оваа година, а заедно се од месец јуни 2018-та година. Целата церемонија била во знакот на романтиката, а гламурозното славење продолжило до утринските часови.




Спонзорирани линкови

Маркетинг