Дедото Тони кој ги освои срцата во регионот: „Сопругата полудува бидејќи постојано ме бакнуваат други жени“

Точка

17/10/2019

18:28

3.097

Големина на фонт

а а а

„Немам идеја која е Кристина Мандарина, не сум прочитал ништо за неа, немам време за тоа“, признал најпопуларниот хрватски пензионер, Тајлат Селмани (82), познат и како Тони.

Па, како би имал време кога од пусти обврски не стасал ни да се “брцне“ во морето ова лето. Без оглед на преполниот распоред и понатаму тренира секојдневно по неколку часа, а вели дека со вежбањето почнал уште како дете. Постојано на улица го застануваат, а тоа и тоа како му ласка.


„Еден човек ме сретна на улица, па се затрча по мене за да се фотографираме. Ми рече дека ова е најсреќниот ден во животот. Тоа ми го разубави денот“, раскажува Тони, по кого трчаат и жените.

Многу дами и постари и помлади, редовно го опседнуваат, а некои и го бакнуваат. Тоа не ѝ се допаѓа на сопругата на Тони.


„Многу е љубоморна, постојано ме испрашува: 'Која ти е оваа, која е таа?'. Па, ниедна жена не сака секој да ѝ го прегрнува сопругот“, рекол тој и додал дека нема потреба да гледа други жени бидејќи неговата сопруга е 'мелем за душа'.

„Сите мислат дека ми е ќерка“, гордо рекол и ја открил тајната на неговиот брак кој трае дури 55 години.

„Бракот може да опстојува единствено ако мажот ја слуша жената“, признал низ насмевка.


Тони сака сè што сакаат младите, па обожува да се расфрла со пари на жива музика. Слуша и народна музика, но сепак омилени му се далматинските песни. Редовно ги гледа хрватските ријалити шоуа, а модата е неизоставен дел од неговиот живот.

„Оделото го прави човекот, па не можеш постојано да се шеташ во иста облека“, рекол Тони, кој претходно прошетал низ модна писта и покажал колку добро му стојат одела.

За крај, признал дека нималку не се плаши од смртта.

„Па, еден ден сите ќе умреме“, заклучил тој.




Спонзорирани линкови

Маркетинг