Кавани се сели во Јунајтед како слободен играч?

Точка

14/10/2019

16:53

943

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед катастрофално ја започна новата сезона, па јасно е дека клубот од „Олд Трафорд“ ќе мора да се засили со квалитетни играчи.

Покрај тоа што има проблеми со одбраната, се чини дека најголемиот проблем на Јунајтед е во нападот.

Како што пренесуваат англиските медиуми, прва желба на „Црвените Ѓаволи“ е актуелниот напаѓач на париски ПСЖ, Единсон Кавани.

Тој идното лето ќе биде слободен играч и голема е веројатноста да заврши на „Олд Трафорд“. Секако, одлуката е на Уругваецот кој во неколку наврати има изјавено дека сака својата кариера да ја заврши во ПСЖ, но сепак останува да почекаме и да видиме дали ќе се пресели во Јунајтед, или ќе остане во Париз.



Спонзорирани линкови

Маркетинг