Македонија долго одолеваше во Варшава, но немаше решение за резервистите на Полска

Дерби

13/10/2019

23:08

1.677

Големина на фонт

а а а

Македонската фудаблска репрезентација со голема желба и големи амбиции влезе во пресметката со Полска, а иако нашите репрезентативци храбро се бореа и долго одолеваа во дуелот со фаворитот, на крајот потклекнаа во самиот финиш, кога не најдоа решение за резервистите на домаќинот.

Полска традиционално се покажа во одлично издание на домашен терен и уште во почетната фаза на средбата ја презема иницијативата, но позитивен факт беше тоа што го издржавме првиот налет, по што почнавме да играме доста помирно, неутрализирајќи ги нападите на Полјаците. Од првиот дел, за издвојување беа ударот на Криховјак од 16 метри, како и гредата која ја погоди Зјелински во ситуација кога имавме многу среќа. На спротивната страна, Алиоски со силен удар го тестираше Шчесни, а тоа беше нашата најсериозна закана кон голот на Полјаците.

Во вториот дел, во неколку наврати наидовме на немилост кај главниот судија Матеу Лаоз, а по неговиот превид во 70-та минута кога не му досуди чист прекршок на Горан Пандев, се распадна нашата игра. Резервистот Франковски погоди за 1:0 во 74-та минута по одличниот прием и потег на Левандовски, а шест минути подоцна, вториот резервист, Аркадиуш Милик одлично биеше од дистанца и ја погоди целта за 2:0.

Ова беше и конечен резултат на мечот во Варшава, по кој Полска сега е речиси сигурен патник на Европското првенство, на кое ние имаше шанса да се пласираме и преку завршниот дуели на Лигата на нации.




Спонзорирани линкови

Маркетинг