Монструмот од 12-та оклопна дивизија: Поранешниот Нацист кој јавно го негираше Холокаустот не го стигна правдата...

Точка

24/09/2019

11:19

9.122

Големина на фонт

а а а

Поранешниот член на озлогласената „СС“ дивизија и член на „Младината на Хитлер“, Карл Минтер минатата година предизвика скандал во Германија, но сеедно, не го стигна казната.

Минтер минатата година јавно го негираше Холокаустот и предизвика голем скандал во Германија, а иако му се закануваше затворска казна од пет години, тој почина на свои 96 години без да одговара.

Поранешниот Нацист почина додека го очекуваше судењето поради навреда на споменот на жртвите од нацистичките злосторства. Минтер во интервју тврдеше дека жртвите на Холокаустот се самите виновни за својата смрт затоа што „бегале“.

Ликвидирал цивили

Спорното интервју беше објавено на германската телевизија "ARD" во ноември минатата година и ја подигна целата земја на нозе. Поранешниот Нацист и член на „СС“ дивизијата меѓу другото јавно порача дека не жали што во Втората светска војна учествувал, односно бил во редовите на губитничката страна.

На судењето за нацистичките злосторства после војната, Минтер беше осуден на смрт со стрелање затоа што во април 1944-та година учествувал во ликвидацијата на 80 млади мажи во францускиот град Аск. Неколку месеци пред „Денот Д“, членови на францускиот отпор со експлозив ги уништиле шините во северна Франција, па возот кој го пренесувал баталјонот на 12-та оклопна дивизија „Хитлерјугенд“ излегол од вагоните. Дел од тој баталјон бил и Карл Минтер.


Никој не бил повреден, но полковикот Волтер Хаук кој што раководел со транспортот наредил „СС“ дивизиите да го нападнат околното гратче Аск. Сред ноќ, одредот од 12-та оклопна дивизија од куќите извлекол 86 мажи и деца на возраст од 15 до 75 години - сите биле масакрирани.

Се спасил од стрелање...

После војната, 17 припадници на „СС“ биле осудени за ова злосторство. Меѓу нив бил и полковникот Хаук, како и Карл Минтер кој за време на масакрот имал 21 година и тогаш се приклучил на „Младината на Хитлер“. Поради масакрот во Аск во 1946-та година биле уапсени и стрелани осум лица, додека на останатите, вклучувајќи го и Минтер, им било судено во отсуство. Подоцна биле помилувани поради стабилизацијата на билатералните односи помеѓу Франција и Германија.

Минтер се бранел дека бил на местото на масакрот, но дека не испукал ниту еден куршум. Кога новинарите го запрашаа дали жали поради тоа, тој ги шокираше сите.


„Не, воопшто. За што да жалам кога јас не испукав ниту еден куршум?“, изјави Минтер и се осврна на Холокаустот: „Во Германија во тоа време не живееа милион Евреи. Тоа не е точно, бројките се погрешни“.

Потомците на жртвите од масакрот во Аск не се задоволни што Минтер не одговарал: „Ако Карл Минтер успеа да се спаси од правдата на човекот, се надеваме дека ќе го стигне Божјата правда“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг