Љубовта на неговиот живот го загуби детето, па почина! Кијану конечно успеал да ја најде среќата?

Кармин

22/09/2019

14:21

9.150

Големина на фонт

а а а

Џенифер Сајм почина во 2001-ва година во страшна несреќа на само 28 години, а таа беше најголемата љубов на Кијану. Џенифер и Кијану Ривс пред несреќата чекаа девојче, Ава, но детето се родило мртво.

Актерот пет години после смртта на Џенифер Сајм, рече: „Тагата ја менува формата, ама никогаш не исчезнува. Луѓето погрешно веруваат дека еден ден, после борбата, ќе може да кажете дека болката исчезнала и дека се чувствувате подобро. Тие луѓе грешат. Кога луѓето кои ги сакате ќе заминат, останувате сами.“

Кијану после оваа љубов имаше кратка врска со Сандра Булок и Софија Копол, но самиот истакнува дека Џенифер била љубовта на неговиот живот и дека тешко после неа ќе успее да се поврзе со друга жена.

„Знаете, јас сум осамен тип. Немам никого во животот. Ако се случи некоја личност да влезе во мојот живот, би ја сакал и почитувал. Да, би сакал тоа да ми се случи“, рече неодамна.


Кијану Ривс (55) е фотографиран додека одел на вечера со Александра Грант (46).

Тие двајца биле „фатени“ додека оделе во еден отмен ресторан и давале сè од себе да поминат незабележано, но папараците не ги пропуштиле.


Се запознале на една забава во 2009-та година и оттогаш се нераздвојни. Иако цел Холивуд се сомнева дека тие двајца одамна се во врска, Кијану тоа упорно го негира.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk