Најмладата сестра Клои Кардашијан отворено признала во една емисија дека има симпатии кон актерот Бред Пит, а сега, како што пренесува „Mirror“, Бред станал член на црквата која ја основал сопругот на Ким Кардашијан, Каније Вест.
Како што се наведува, Каније спроведува план да ги спои Клои и актерот.
Како што пренесува споменатиот магазин, Бред се дружел овој викенд со членовите од семејството Кардашијан во Вотс, Калифорнија, каде се наоѓа и црквата на Каније, бил видно расположен и разговарал со целото семејство.
Клои инаку во една емисија признала дека би сакала да биде интимна со Бред.
„Донесете ми го Бред Пит и ќе водам љубов со него на отворено“, рекла отворено и додала дека актерот е згоден.
Подоцна во една радио емисија рекла дека Бред изгледа подобро откако не е со Анџелина.