„Погба, Левандовски, Мбапе се невозможна мисија за Реал“

Макфакс

12/09/2019

11:47

434

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, на клупското собрание говорел за преодниот рок и образложил зошто не успеале да ги реализираат трансферите на одредени фудбалери.

Перез го повторил она што по завршувањето на преодниот рок го кажал неколку пати. Погба не можеле да го донесат бидејќи Манчестер Јунајтед не сакале да го продаваат својот фудбалер.

„Постојат играчи што не можете да ги купите бидејќи нивните играчи не сакаат да ги продадат. таков случај имавме со Левнадовски, кого се обидувавме со години да го донесеме, но не сакаа да ни го продадат. Тој нема откупна клаузула и не постои начин да го купиме доколку клубот не реши да го продаде. Сличен е случајот и со Погба. Не постоеше начин да го купиме. Кога играчот ќе биде на продажба ние ќе тргнеме по него“, рекол Перез.

Еден од членовите на собранието рекол дека доколку Реал мора да купи некој Французин дека тоа треба да биде Мбапе, а не Погба.

„Секако дека ми се допаѓа и тој Французин. Ќе тргнеме и по него. Проблем е што и него не сакаат да ни го продадат“.

Првиот човек на Реал е критикуван што не нашол вистинска замена за Кристијано Роналдо, играч кој е вистинска ѕвезда.

„Имаме деветмина номинирани за „Златната топка“ и тим што преди преку 1,2 милијарди евра. Минатата сезона проблемот не беше заминувањето на Роналдо туку менталитетот на останатите играчи. Ова лето донесовме добри играчи меѓу кој е и Азар, најдобриот играч во Премиер лигата“, заклучил Перез.



Спонзорирани линкови

Маркетинг