Се прашувате ли колку чинат најмодерните авиони на светот? Полска од Американците купи 32 вакви авиони, од цената ќе ви се заврти во главата

Точка

12/09/2019

11:11

2.630

Големина на фонт

а а а

Американскиот Стејт Департмент во вторникот ја одобри продажбата на новите борбени авиони „Ф-35“, пренесува "The Washington Post".

Според нарачката, Пољаците за 32 авиони од типот „Ф-35“, кои што важат за најмодерните стелт ловци од петта генерација, ќе издвојат вртоглави 6,5 милијарди долари.

Иако станува збор за огромна сума, сепак таа е очекувана кога станува збор за авиони од петта генерација кои доаѓаат со пакет на оружје, опрема, обука за пилотите и слично.

Полска најверојатно ќе ја купи „Ф-35А“ верзијата (еден авион чини 89,2 милиони долари), а конечната бројка од 6,5 милијарди долари според "Defense News" би можела дури и да се зголеми. Следен чекор е одобрување од американскиот Конгрес, нешто што практично би требало да биде формалност со оглед на тоа што Полска е истакнат американски сојузник и земја членка на НАТО Алијансата.

„Предложената продажба на Ф-35 авионите ќе ги зајакне одбранбените можности на Полска за да спречи било каква агресија во регионот и ќе осигура интероперабилност на американските сили“, стои во соопштението на Агенцијата за одбранбена и безбедносна соработка.

Полска со најмодерните авиони ќе ја замени својата застарена флота составена од „МиГ 29“ и „Сухој Су-22“ авиони. Ова е инаку само дел од големата модернизација на полските вооружени сили во кои државата до 2026-та година се планира да вложи дури 47 милијарди долари.


Инаку, развојот на „Ф-35“ авионите доцнеше со години. Досега во програмата за развој на авионот се потрошени неверојатни 400 милијарди долари (развој, производство и останати трошоци), а иако беа детектирани бројни проблеми со стелт ловецот, сепак Американците добиваат нарачки од сите страни на светот.

„Ф-35“ авионот моментално е единствениот борбен авион од петта генерација на светот кој е достапен за продажба, со оглед на тоа што вториот американски авион од петта генерација „Ф-22 Раптор“ е забранет за продажба, кинескиот „Ченгду Ј-20“ засега е наменет само за домашните воздушни сили, а рускиот „Су-57“ и натаму е во фаза на развој.


Така, авионите „Ф-35А“ веќе ги имаат нарачано или купено: Австралија, Белгија, Данска, Израел, Италија, Јапонија, Холандија, Норвешка, Јужна Кореја, Турција (во меѓувреме американскиот Конгрес забрани продажба на авионите на Анкара) и САД, со напомена дека Велика Британија ќе купи дури 138 авиони од верзијата „Ф-35Б“.

Покрај овие држави, уште неколку држави размислуваат за купување на „Ф-35“ авионите, а тоа се Канада, Сингапур, Швајцарија и Финска. Кога се пресметуваат сите нарачки, потпишаните и потенцијалните за секој модел на „Ф-35“ и секоја држава која ги купува, се проценува дека "Lockheed Martin" би можеле да произведат дури 3,500 вакви авиони, а заработката е навистина неверојатна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг