Една од најубавите Македонки се најде на профилот на Ријана: „Изгледа ми се исполнува сонот“

Точка

10/09/2019

21:58

13.103

Големина на фонт

а а а

Елена Ристеска и нејзиниот шминкер, Даниел Николовски, се најдоа на Инстаграм профилот „FentyBeauty“.

Поточно, фотографијата од совршеното лице на Елена е објавена на официјалниот Инстаграм профил на мејк-ап линијата на Ријана.

Даниел ја нашминкал Елена со пудрата за порцеланска кожа на Fenty, која е од козметиката на Ријана.

Ова се случило како резултат на неверојатната шминка од вештите раце на Даниел, кој после завршувањето на “уметничкото дело“, ја фотографирал македонската убавица и ја објавил на неговиот Инстаграм профил.


Елена не престанува да споделува “стори“ од нејзините фанови, кои секогаш ја поддржуваат во сè што прави.

Фотографијата наиде на позитивни коментари од следбениците на Ријана, а за кратко време доби повеќе од 16.000 лајкови.

Козметичката компанија „Fenty Beauty“ Ријана ја лансираше во септември 2017 – тата година, а за кратко време стана една од најпопуларните во светот со производи што одговараат на сечиј тип на кожа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг