„Ако може Џеј Ло тогаш можам и јас“: Сексапилната Аманда не се откажува од деколтето до папокот

Точка

09/09/2019

13:39

12.547

Големина на фонт

а а а

Провокативното облекување на членката на британското шоу „Јас имам талент“ го поддржува и нејзината мајка.

Аманда Холден често во емисиите се појавува со длабоко деколте.

Иако почнале да ѝ упатуваат критики, 48-годишната дама не размислувала многу за тоа, а поддршка за нејзиниот стајлинг добила и од својата мајка Џудит Мери Херисон, пишуваат од „Дејли Меил“.

„Остави ги нека зборуваат. Изгледаш подобро од половина од жените кои се на твои години“ - ѝ кажала мајката на својата ќерка и го поддржала нејзиниот провокативен начин на облекување.

„Доколку може Џеј Ло тогаш можам и јас“ - одговорила Аманда на провокациите и критиките.

Иако нејзината мајка ја поддржува сепак таа изјавила дека доколку има толку години колку нејзината ќерка никогаш не би облекла такво нешто.

„Кога јас имав 48 години, немав храброст да облечам кратко здолниште затоа што тогаш владееше мислењето дека не е во ред да ги покажуваш своите колена доколку се приближуваш до 50-те години“.

View this post on Instagram

Swish swish #hairfordays ?? @itsdash ?

A post shared by Amanda Holden (@noholdenback) on



Спонзорирани линкови

Маркетинг