Мал рај во Тихиот Океан: Ова е островот со најубави песочни плажи

Точка

21/08/2019

10:11

2.206

Големина на фонт

а а а

Поради својата неверојатна убавина, островот Боракај спаѓа помеѓу најубавите острови на светот, поради што голем број на туристи започналe масовно да го посетуваат.

За таа цел, локалните власти минатата година забраниле посета од страна на туристи на период од шест месеци. 

Боракај е сместен на Филипините, во Тихиот Океан, а поради своите прекрасни песочни плажи се вбројува во најубавите острови од тој тип, па затоа и не е чудно тоа што туристите го опседнуваат.


Главната атракција на островот е Белата плажа, која е долга дури четири километри и на која се наоѓа најдобрата туристичка инфраструктура на островот, од кафулиња и ресторани до места за вечерни излегувања.

Љубителите на поинаквите плажи ја посетуваат Пука, а обожавателите на екстремните спортови на вода “наминуваат” до Булабог.

Со својата убавина, без текст остава и Динивид, додека страствените нуркачи не пропуштаат да го истражат морето кај Тамбисан.

За време на туристичката забрана минатата година биле решени бројни еколошки проблеми со кои островот се соочувал поради масовниот туризам. Боракај се соочувал со големи количини на отпад кој бил оставан по бреговите до протекување на отпадните води во морето.


Иако островот е повторно отворен за туризам, сепак е ограничен бројот на луѓе кои смеат да престојуваат на Боракај.



Спонзорирани линкови

Маркетинг