„Сандеј Тајмс“ објави таен владин документ за ризиците од брегзит без договор

Макфакс

18/08/2019

11:43

860

Големина на фонт

а а а

Ако нема договор за брегзит со ЕУ, Велика Британија ќе се соочи со недостиг од гориво, храна и лекови, објави „Сандеј Тајмс“ повикувајќи се на доверлив документ на британската Влада за ризиците од брегзит.

Во извештајот, како што пренесува „Сандеј Тајмс“, ако се случи тоа, Велика Британија ја чека метеж на пристаништата, тврда граница со Ирска и зголемување на трошоците за социјална грижа.

Весникот наведува дека предвидувањата составени од кабинетот на премиерот се однесуваат на најверојатните последици од брегзит без договор, а не за најлошото сценарио.

За 85 проценти од камионите што користат премини кај главниот канал се вели дека се „неподготвени“ за француските цариници, што значи дека прекините на пристаништата потенцијално би можеле да траат до три месеци пред да се подобри протокот на прометот.

Документот составен од кабинетот со кодно име „Операција Јелоухамер“ дава редок преглед на скриените планови на британската влада за да се избегне катастрофален колапс во инфраструктурата на земјата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг