Потег на Србинот за восхит! Новак Ѓоковиќ одбил милиони од обложувалниците: „Многу луѓе ме следат и чувствувам дека пораките кои ги испраќам влијаат на нечиј живот“

Точка

14/08/2019

19:20

5.047

Големина на фонт

а а а

Ѓоковиќ не сакал да прифати пари за да рекламира три најголеми светски “букмејкерски“ куќи кои не ги штеделе парите за Ноле да им биде заштитно лице.

Новак одбил да рекламира три најголеми светски обложувалници затоа што не сака да испраќа лоша порака на милиони луѓе низ светот на кои им е идол.

Најдобриот тенисер на светот неодамна одбил понуда вредна повеќе милиони евра на веројатно најголемиот ланец на обложувалници на планетата.

Взнаемна доверба

Тоа било третото “не“ на ваквите компании од играчот кој заслужно оди кон името најдобар во историјата. Ѓоковиќ зборувал за тоа дека бира со кој соработува и дека паричните понуди апсолутно не му се пресудни. Неодамна за интервју за „Вајс“ Новак проговорел на оваа тема.

„Барам партнери кои се општествено одговорни. Спонзорството за мене отсекогаш беше, а особено во последно време е, партнерство. Јас како човек се поистоветувам со вредностите на тој партнер и тие со мене. Мора да постои компатибилност иначе нема да можеме да функционираме“ - раскажал Ѓоковиќ.


Големо значење

„Имам свои лични ставови, погледи на светот, здрав начин на живот. Доколку таа компанија не се вклопува во сето тоа тогаш не сакам да соработувам со неа. Финансиските средства се секундарни. Привлекувам внимание повеќе од кога и да е, многу луѓе ме следат и чувтсвувам дека пораките кои ги испраќам како директно така и индиректно имаат големо значење за нечиј живот“ - заклучил Новак Ѓоковиќ.




Спонзорирани линкови

Маркетинг