Само за љубителите на оваа боја: Сите нијанси на розово во вашиот дом

Точка

13/08/2019

15:45

2.976

Големина на фонт

а а а

Без разлика дали е во прашање мода, аксесоари или ентериер и уредување на животниот простор, со сигурност можеме да кажеме дека розовата боја е апсолутен хит оваа година!

Од нежно розово, до циклама боја, за што и да се одлучите нема да погрешите, а ако сте нежна и романтична личност, розовата боја секогаш ќе биде правиот избор за освежување на вашиот дом и животниот простор.


Во последно време Инстаграм е преполн со иснпирации на тема розов декор, па овој пат со вас споделуваме некои омилени пинк детали, кои го надополнуваат секој ентериер.

Без оглед на тоа дали станува збор за мал или поголем мебел, бојата на ѕидовите, или само некои ситни детали кои на целиот простор му даваат душа и посебна енергија, розовата боја оваа година е водечки хит, кога е во прашање уредувањето на просторот.


Кога се во прашање крупните парчиња мебел во прашање, особено фотеља или кауч, нежно розовата боја е вистински избор, со кој целата просторија ќе изгледа префинето и луксузно.

Ситните детали во пастелно розова боја, како перници, вазни или тепих во разни бои, совршено се вклопуваат во моментално најпопуларниот декоративен стил - минимализам, како и просторот уреден во бохо и винтиџ стил.


Розовите нијанси особено убаво се комбинираат со бели, сребрени, златни, но и зелени тонови, и е важно да имате предвид кога ќе размислувате со која боја да ги искомбинирате.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk