Бесмртната шампионка била жртва на психопати: Девојката на која блескавата кариера ѝ беше срушена во една секунда!

Кармин

12/08/2019

10:40

12.407

Големина на фонт

а а а

Југословенската тенисерка која со големи букви ја испишуваше историјата на белиот спорт денес живее мирен и повлечен живот далеку од светот на рефлекторите и славата која во животот никогаш ништо не ѝ значело.

Најмладата шампионка во историјата на тенисот Моника Селеш за малку ќе го загубела својот живот кога со нож во грбот ја прободија двапати, обожавател на нејзината конкуренција Штефи Граф и токму овој настан ја обележа нејзината кариера која беше поплочена со трофеи.

Приказната за владетелката на светските тениски терени од крајот на минатиот милениум почнала во српската Атина, каде што е родена на 2-ри декември 1973-та година во семејство на унгарски цртач на стрипови, Карољ и професорка по историја Естер. Има постар брат Золтан благодарение на кој го земала рекетот во рацете.


„Ми префрлаа дека на ќерка ми ѝ го одзедов детството и сум ѝ ги скратил играчките, а таа својата играчка лично си ја избра. Тоа не беа кукли или плишани мечиња. Имаше одвај шест години кога гледајќи го својот постар брат Золтан како игра, сама го зеде рекетот. На почетокот сè прифаќаше со детско восхитување, како забава. Меѓутоа, набрзо сфативме дека тенисот ќе стане нејзиниот животен избор“ - изјавил во некое интервју таткото на Моника, Карољ, а тоа што следело потоа било историја!

Нож во грбот

Во Хамбург на 30-ти април 1993-та година се случила крвавата драма, на натпреварот во четвртфиналето помеѓу Моника и Бугарката Катарина Малеева. На паузата помеѓу гемовите на Моника ѝ е забиен кујнски нож во грбот, пред телевизиските камери и очите на целиот свет. Сторителот бил Гинтер Пархе од источна Германија, опсесивен навивач на Штефи Граф кој со денови ја следет првата тенисерка на светот од хотелот до стадионот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk