“Потенцијално опасен“: Огромен астероид со големина на пирамидата на Кеопс наскоро ќе помине покрај нашата планета

Точка

12/08/2019

09:21

2.946

Големина на фонт

а а а

Изгледа дека овој август ќе биде месец исполнет со поминување на астероиди во близина на Земјата. Пред само неколку дена од НАСА соопштиле дека огромно небесно тело, поголемо од “Емпајар стејт билдинг“, ќе помине покрај нашата планета.

Во меѓувреме, објавено е дека уште еден огромен астероид, наречен OU1, ќе се приближи до Земјата на 28-ми август на само 0.00687 астрономски единици (повеќе од милион километри), откриле научниците од НАСА.

Се проценува дека астероидот со ширина од 150 метри ќе се движи кон нашата планета со брзина од 13 километри во секунда.

Тој астероид е сместен во Аполо групата, која е составена од опасни астероиди. Под потенцијално опасни се сметаат сите небесни тела со минимална оддалеченост од пресекот на орбитата од 0.05 астрономски единици и апсолутна магнитуда од 22.0 или помала.

Астероидот кој се приближува до планетата Земја е поголем и од пирамидата Гиза, пренесуваат од „Дејли Стар“.

Пред само неколку недели, астероидот наречен OK 2019, со слична големина, поминал на само петтина оддалеченост од Месечината.

Се верува дека огромниот астероид кој е воочен кога ја допрел орбитата на Земјата имал сила на атомска бомба која е во состојба да срамни град.




Спонзорирани линкови

Маркетинг