Дејвид Гарет: На концертот ќе доживеете огномет од музички искуства

Точка

05/08/2019

11:26

2.002

Големина на фонт

а а а

Некои го нарекуваат „ѓаволскиот виолинист“, а тој вели дека на негов концерт можете да доживеете само огномет од музички искуства. Македонија е една од земјите кои се најдоа на листата од неговата светска турнеја по повод 10 годишнината од неговите кросовер изведби. И вие ќе можете да си пружите сетилно уживање слушајќи го промотивно неговиот најнов албум Unlimited Greatest Hits–Live. Неограничено- не е само мото на турнејата туку и негова лична филозофија во животот.

Се сеќавате ли каде и кога беше вашиот прв професионален настап?

Дејвид Гарет: Да, многу добро се сеќавам на тоа - имав девет години и настапував на концерт во Моцарт Б-Мајор како солист во германскиот град Бад Кисинген. Не се сеќавам колку бев платен, но бев. Па, претпоставувам дека тоа беше мојот прв професионален настап.

Од кога се дружите со виолината и зошто овој инструмент е посебен за вас?

Дејвид Гарет: Со виолината се дружам онолку долго колку што можам да се сетам, мислам дека започнав на четиригодишна возраст. Претпоставувам дека е посебен за мене затоа што е инструментот со кој се чувствувам најпријатно.

Дали има нешто друго што е исто толку ве исполнува како виолината?

Дејвид Гарет: Кога станува збор за музиката не, навистина. Но, секако надвор од музиката има многу работи што ми значат во животот: пријателите, семејството, уживање во секој момент во животот и времето за свртување кон себе.

Што знаете за Македонија и како се најде во вашата програма?

Дејвид Гарет: За жал, досега не знаев многу. Ова е првпат да настапувам во Македонија, па затоа возбуден сум што ќе го посетам Скопје и веројатно ќе можам да одговорам на ова прашање многу подобро по моето шоу. Но, секако дека сум возбуден што доаѓам во Македонија, сигурен сум дека ќе биде неверојатно и нестрплив сум да настапам таму за првпат и да ги сретнам сите прекрасни луѓе таму. Особено ме интересира културата и сакам да истражувам нова храна.

Што има на репертоарот за 25 септември кога ќе го одржите вашиот концерт во СЦ „ Борис Трајковски“?

Дејвид Гарет: Имаме подготвено спектакуларна програма. Ќе биде исклучително забавно, мислам дека ќе биде незаборавно за сите: ќе се забавуваме на музика од AC/DC до Металика, од Бах до Дебиси, од Колдплеј до Мајкл Аксексон. Тоа е музичко патување низ секој жанр заедно со мојот бенд со кого настапувам долги години. Ќе доживеете огномет од музички искуства. Имаме и неверојатна, многу детална видео инсталација, која совршено се хармонизира со музиката. Имам големо искуство на сцена и едвај чекам да ја претставам мојата кросовер музика за прв пат во Македонија!

Кој е вашиот омилен од сите ваши римејкови?

Дејвид Гарет: О, тоа е невозможно да се одговори, целата програма се заснова на парчиња што многу ги сакам.

Што ќе и порачате на публиката?

Дејвид Гарет: Здраво на сите, навистина е чест да бидете поканети во вашата убава земја! За мене е првпат и јас сум многу возбуден што ќе ја посетам вашата земја и ќе запознаам многу луѓе. Сигурен сум дека ќе си поминете незаборавно и едвај чекам да ги видам вашите реакции на нашето шоу на кое работевме толку напорно за вас. Ќе биде незаборавно и заедно ќе го славиме животот и музиката!

(А.В.)



Спонзорирани линкови

Маркетинг