„Жените заслужуваат да бидат силувани!“: Скандалозни пораки се појавија на Твитерот на Џесика Алба

Кармин

29/07/2019

16:52

9.019

Големина на фонт

а а а

Статуси со скандалозни содржини се појавија на Твитерот на холивудската дива Џесика Алба (38) на која моментално ја следат повеќе од 9 милиони луѓе.

Додека Алба спиела, сексистички и расистички насочена личност “влегла“ на нејзиниот профил, а потоа почнала да објавува работи кои го фрапирале целиот свет.

„Повторно се слушаат полициски сирени во далечината. Кога афроамериканките ќе престанат да прават злодела за да можам да се наспијам?, „Се зборува дека хендикепираните луѓе се виновни за 11-ти септември“, „Нацистичка Германија не направила ништо лошо“, „Давам 50.000 долари некој да ја убие личноста со посебни потреби“, ова се некои од пораките кои се објавени на нејзиниот профил.


Потоа следел Твит во кој се повикува на ослободување на YNW Мели, американскиот рапер кој се соочува со смртна казна поради двојно убиство.

Тука се нашлаи порака во која пишувало дека “жените заслужуваат да бидат силувани“.


„Жени, мора да сфатите дека Бог го измислил силувањето, затоа што сте физички послаби од мажите“ - гласи еден од твитовите.

Џесика многу брзо била известена за овие пораки, па со помош на својот тим успеала да си го врати својот профил и да ги избрише објавените пораки.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk