Безобразните Англичани повторно го “разведуваат“ Ѓоковиќ: Новак и Јелена не можеа подобро да им одговорат

Точка

22/07/2019

17:10

3.828

Големина на фонт

а а а

Британското списание „The Sun“ пишува дека бракот на најдобриот тенисер на светот има проблеми. Англичаните во текот на Вимблдон го покажаа своето вистинско лице кога станува збор за Новак Ѓоковиќ така што на конференцијата за медиумите жестоко го нападнаа дека навивачите на теренот бурно навивале за неговиот противник.

Тој на тоа им одговорил со бруталното издание во финалето против Роџер Федерер, по кое ја освои својата 5-та вимблдонска титула, а вкупно 16 грен слемови.

Но, Британците не планираат да запрат тука, туку тие продолжуваат со ударите кон Новак Ѓоковиќ и неговото семејство и по завршувањето на Вимблдон.

Тие повторно пишуваат за “проблемите“ во неговиот брак со Јелена, а главниот аргумент им е тоа што Јелена не присуствуваше на финалето на Вимблдон.


Иако Ѓоковиќ во интервју по натпреварот објасни зошто Јелена не била на трибините и дека останала во нивниот стан со ќерката Тара, иако по натпреварот по социјалните мрежи таа покажа колку ѝ е важен и колку е горда на успехот на нејзиниот сопруг, иако сега заедно летуваат во Хрватска и слушаат романтични песни од Оливер Драгојевиќ, сепак тоа на списанието „The Sun“ не им е доволен доказ дека Јелена и Новак уживаат во нивниот брак.

На спиесанието „The Sun“ сомнително им е и тоа што Јелена не напишала ништо на социјалните мрежи по повод годишнина од брак и тие потсетуваат дека таа тоа го правела претходно.

„Јелена секогаш беше силата на Новак, но постојат шпекулации дека имаат проблеми. Да не присуствуваш на ниту еден натпревар на Вимблдон, иако беше во Лондон, е чудно со оглед на тоа дека таа секогаш истакнуваше колку е горда на успехот на Ноле и колку се силни кога се заедно“ - пишуваат од „The Sun“.

Нема сомнеж во тоа дека Новак и Јелена се само насмеани, а нивниот одговор не можеше да биде подобар од овој кој може да го погледнете на снимкава:



Спонзорирани линкови

Маркетинг