Поранешниот шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон, шокираше со изјава за „Fox“ дека ја прифатил борбата со Џејк Пол додека бил под дејство на марихуана.
Тој призна дека можеби и не би се согласил на мечот доколку не бил „напушен“, и истакна дека бил под дејство и пред самиот меч со Пол, во спектаклот кој долго се очекуваше, а на крајот го загуби.
Покрај тоа, Тајсон откри дека веднаш по борбата посакал да запали уште еден џоинт.
„Штом заврши борбата, ми требаше џоинт. Сè ми изгледаше како сон. Беше прекрасно. Се чувствував како да сум победил во борбата“, изјави Тајсон.