Презерватив или кондом е контрацептивно средство со најраспространета употреба.
Покрај заштитата од несакана бременост, има голема улога и во спречувањето на ширење сексуално преносливи болести. Иако оваа форма на контрацепција одамна е позната, многумина и понатаму веруваат во некои митови за овие гумени заштитници.
1. „Ставање лубрикант на кондомот ќе спречи негово пукање.“
Лубрикантите на база на масло и петролеј всушност можат да го оштетат кондомот.
2. „Кондомот штити од сите сексуално преносливи болести.“
Кондомите не штитат во целост од ХПВ, сифилис и срамни уши. Презервативот не е доволна заштита ниту кај херпес тип 2, односно генитален херпес, ниту кај херпесот од тип 1, односно орален херпес за кој неодамна се откри дека може да се пренесе и преку полов пат. Кај ХПВ, како и кај херпесите, може да се случи човек со години да боледува без никакви симптоми и да не знае дека е болен, но болеста може да му ја пренесе на партнерот.
3. „Ако сте алергични на латекс не можете да користите кондоми.“
Можете да користите кондоми изработени од полиуретан и полиизопрен.
4. „Добро е кондомите да ги чувате во паричникот.“
Држење на едно пакетче кондоми во паричник подолго време, може да го истегне материјалот од кој е направен кондомот и може да се појават мали дупчиња.
5. „Користење два кондоми одеднаш ја зголемува заштитата.“
Користењето на два кондоми одеднаш всушност ја намалува заштитата, бидејќи се создава повеќе триење и поголема е веројатноста да пукне презервативот.