Гага го одбила Купер: Не сака да соработува со него поради озборувањата

Кармин

19/07/2019

13:58

3.380

Големина на фонт

а а а

„Љубовниот триаголник“ - Брели Купер, Ирина Шајк и Лејди Гага, не престанува да биде главна тема во Холивуд. И додека едни погодуваат дека актерот и пејачката се “сплеткале“ за време на снимањето на филмот „A Star is Born“, други нетрпеливо го очекуваат продолжението на драмата.

Минадата седмица, според пишувањата на „Hoolywood Life“, овој пар требало повторно да ги игра главните улоги во новиот филм. Станува збор за дело во режија на Купер - биографски филм за композиторот Леонардо Бернштајн, но изгледа нема да има соработка.


„Лејди Гага нема да има улога во новиот филм“, рекол извор близок на ѕвездите. Иако нивната приказна многу помогна и осигура гледаност во кината, пејачката неодамна го одбила актерот поради озборувањата и преголемата прашина која се крена околу нивните улоги. Една од причините е и раскинувањето на Бредли и руската манекенка Ирина.

Невистинити биле и озборувањата дека Гага се 'бори' против актерката Џенифер Лоренс за улога во филмот „Nightmare Alley“, кој исто така е под 'водство' на фаталниот актер. Се зборувало и за биографаскиот филм за Кралицата Клеопатра, каде Гага требало да ја отелотвори неа, а Бредли Купер нејзиниот љубовник Марк Ентони. И тоа се покажало како обично нагаѓање.


Да потсетиме, откако Бредли и Гага го снимаа филмот „A Star is Born“, почна да се 'шушка' дека актерот ја извенерува Ирина со пејачката. Тие озборувања почнаа да стануваат сè поголеми откако Гага ја раскина веридбата со Кристијан Карино, а потоа Бредли со атрактивната Русинка.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk