Нов инцидент во Персискиот залив: Иранците ги остварија заканите - запленија танкер!

Точка

18/07/2019

14:19

3.648

Големина на фонт

а а а

Иранската Револуционерна гарда заплени „странски брод“ и соопшти дека запленетиот брод криумчарел милиони барели гориво, објавија иранските државни медиуми.

Техеран неодамна дојде до конфликт и со Лондон, откако Велика Британија заплени ирански нафтен танкер поради сомнение дека ги прекршувал санкциите така што превезувал нафта во Сирија, а од иранскиот државен врв се заканија дека ќе возвратат на тоа.

Деновиве танкерот во Персискиот залив бил пресретнат од Исламскиот револуционерен стражарски корпус во близина на островот Ларак во Хормушкиот теснец во близина на иранскиот брег кој важи за „тесно грло“ во поморскиот сообраќај во водите на Персискиот залив.

Според соопштението кое го пренесе иранската државна телевизија, бродот бил запленет на 14-ти јули, а од иранската Револуционерна гарда засега не откриваат во чија сопственост е запленетиот танкер.

Да потсетиме, откако се зголемија тензиите на релација Вашингтон – Техеран, исто така беа драстично нарушени односите на Техеран и со Лондон, откако неодамна во близина на Гибралтар британските власти запленија ирански танкер со нафта.


Откако Техеран се закани дека тоа нема да помине неказнето, британските власти вчера наредија испраќање на воен брод на британската кралска морнарица во водите на Персискиот залив, кој заедно со уште два воени британски бродови распоредени во регионот ќе ги чуваат британските комерцијални бродови кои минуваат низ заливот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг