Чоколадно задоволство без брашно и јајца: Ова е омилениот рецепт на Јелена Ѓоковиќ, а и Ноле го обожува

Точка

16/07/2019

16:10

2.590

Големина на фонт

а а а

Прекрасен рецепт кој многу едноставно се подготвува. Сопругата на шампионот на Вимблон пропагира здрава исхрана, а со целиот свет го сподели рецептот за ова слатко задоволство кое го обожуваат и таа и Ноле.

Не е необично тоа што Јелена Ѓоковиќ го сподели својот рецепт и како и секогаш ги воодушеви своите следбеници на Инстаграм.

Состојки:

- 200 грама какао путер;
- 2 лажици кокосово масло; 
- 150 грама какао во прав; 
- 3 лажици јаворов сируп; 
- 1 лажица лецитин; 
- прстофат сол. 

Состојки за слојот од бело чоколадо:

- 100 грама какао путер;
- 1 лажица кокосово масло; 
- 3 лажици јаворов сируп; 
- 1 лажица лецитин. 

Подготовка:

Стопете ги какао путерот и кокосовото масло па во таа смеса додадете ги останатите состојки. Добиеното “тесто“ поделете го на два дела, а во едното додадете неколку лажици кокосово или бадемово млеко. Измешајте добро.

За слојот од бело чоколадо, стопете го путерот и маслото, додадете ги останатите состојки и измешајте убаво. Сега имате три чинии со три различни теста. Оставете ги малку да се изладат и да се стегнат, а потоа во калапи за мафини ставајте по една лажица од секоја мешавина, така што да се измешаат како на фотографијата. Ставете ги во замрзнувач 30 минути, а потоа послужете ги и уживајте во слаткото задоволство.




Спонзорирани линкови

Маркетинг