Доколку сте љубители на чоколадните торти и колачи но не сакате комплицирани рецепти, тогаш треба да ја испробате црната торта.
Нејзината едноставност се огледа во фактот што од една смеса добивате два слоја.
Состојки:
9 јајца
200 грама шеќер во прав
300 грама путер
150 грама мелени ореви
четири лажици какао
200 грама темно чоколадо
200 мл шлаг крем
Подготовка:
За почеток, одвојте ги жолчките од белките. Додадете го шеќерот во садот со жолчките и матете додека да добиете пена. Потоа изматете го путерот и додадете го во смесата од жолчки и шеќер и матете кратко.
Додајте ги мелените ореви и какаото и измешајте. Растопете го чоколадото на пареа и додадете го во смесата па добро измешајте. Во друг сад, изматете ги белките во цврст снег и додадете ги во смесата. Измешајте ги сите состојки рачно за да нема меурчиња.
Замастете калап за торта со дијаметар од 26 см и истурете половина од смесата. Печете во претходно загреана рерна на 185 степени 40 минути. Оставете го остатокот од смесата во фрижидер.
Кога кората ќе се испече, изладете ја и префрлете ја на држач за торта. Ставете обрач околу кората, а потоа додадете го остатокот од смесата, па потоа истурете го шлагот врз смесата. На крај, добро изладете пред сервирање.
Извор: Recepttura