Побегнатата арапска принцеза била во Хрватска! Хаја вечерала препелица со Бандиќ, следното утро одлетала во Британија

Точка

05/07/2019

18:35

3.457

Големина на фонт

а а а

Принцезата Хаја бинт ал Хусеин, најмладата сопруга на шеикот Мухамед бин Рашид ал Мактум, лидер на Дубаи, доаѓала пред 12 години во Хрватска и се дружела со денешниот градоначлник на Загреб, Милан Бандиќ, и тогаш веќе поранешниот хрватски премиер Златко Матеш.

Принцезата Хаја тогаш престојувала во претседателскиот апартман во хотелот "Шератон", а хотелските работници ја фалеле дека немала посебни барања и дека е многу симпатична и мила. 

Со Милан Бандиќ вечерала во "Шератон". Почнале со супа од препелица, а потоа штрукли, специјалитет на хрватската кујна.

Потоа на масата дошле кнедли од моцарела со печен зеленчук. Имало и палачинки од зеленчук, компири, а за крај и гибаница.

Принцезата не јаде црвено месо, но ни риба, ниту морски плодови.

Ден по вечерата со Милан Бандиќ, принцезата Хаја бинт ал Хусеин го напуштила Загреб и одлетала во Велика Британија. Пред летот појадувала само кроасан, малку свежо овошје и испила цеден сок. Рекла дека можеби еден ден ќе се врати во Хрватска и дека би сакала со семејството да крстари по Јадранот.

Дванаесет години подоцна, сопругата на еден од најбогатите луѓе на светот се крие во Европа и стравува за својот живот. Кога слушнала дека нејзиниот сопруг ја киднапирал, мачел и заробил својата родена ќерка, принцезата Латифа, која ја има со првата сопруга, одлучила да побегне.

Потсетуваме, принцезата Латифа исчезнала пред нешто повеќе од една година, но пред исчезнувањето снимила видео во кое јасно порачува: Се плашам за својот живот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг